среда, 12. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Новата италијанска Влада нема да ја продава Алиталија

Новата италијанска Влада нема да ја продава Алиталија

Во коалицискиот договор на италијанските партии Лигата и Движењето пет ѕвезди, кој беше постигнат денеска, е предвидено да биде стопирана постапката за приватизација на авиокомпанијата Алиталија.

Претходната социјал-демократска Влада на Италија отпочна постапка за продажба на националниот авиопревозник, но по изборите во март, на кои популистичките партии освоија најмногу гласови, постапката беше стопирана. Како дел од коалицискиот договор, предвидено е Алиталија да биде рестартирана, како конкурентен национален авиопревозник. Одлуката денеска ја претстави Клаудио Борџи, еден од водечките економисти на Лига.