вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Новата австриска Влада стапи на должност

Новата австриска Влада стапи на должност
epa08109778 Leader of the Austrian Green Party, Werner Kogler (3-L), leader of Austrian People's Party (OeVP) Sebastian Kurz (2-L) and Austrian President Alexander Van der Bellen (L) during the swearing-in of the new coalition government between Austrian People's Party (OeVP) and the Green Party at the presidential office of the Hofburg Palace in Vienna, Austria, 07 January 2020. The OeVP and Green parties have formed the new coalition government after holding coalition negotiations talks after the general elections in September 2019. EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Новата австриска Влада на канцеларот Себастијан Курц денеска положи заклетва и стапи на должност.

Коалицискиот Кабинет е составен од конзервативната Народна партија на Австрија на Курц со партнери – Зелените. Вицеканцелар е Вернен Коглер, кој ќе го раководи Министерството за спорт и јавни служби.

Точно 100 дена од предвремените парламентарни избори, Австрија доби нова влада од која, како што рече претседателот Александар ван дер Белен, граѓаните имаат големи очекувања.

Канцеларот Курц, кој вторпат ја предводи Владата, е повторно најмладиот државник во светот.

Ова е најмладата влада и влада со најголем процент жени – повеќе од 53 проценти од министрите.

Коронавирус