понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 149
home Вести

Новата американска амбасада во Ерусалим ќе чини помалку од половина милион долари

Новата американска амбасада во Ерусалим ќе чини помалку од половина милион долари

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја отфрлил намерата да потроши една милијарда долари за новата американска амбасада во Ерусалим. Очекува да чини помалку од половина милион долари.

Наместо да градат нова зграда за мисијата, САД ќе користат постоечка конзуларна локација. Тие преуредија мал дел од неа, така што амбасадата би можела да ги отвори своите врати што е можно побрзо.

Тој најави дека „може“ да оди на отворањето на дипломатската мисија на 14 мај.

Амбасадата на Вашингтон во Тел Авив ќе биде преместена во Ерусалим.(МИА)

Коронавирус