сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 21
home Вести

Нова жена ползи покрај овој крал, а се појави и скандалозна снимка со поранешната (ВИДЕО)

Нова жена ползи покрај овој крал, а се појави и скандалозна снимка со поранешната (ВИДЕО)

Во средата Тајланд ненадејно доби кралица, а сликите и снимките од венчавката го обиколија светот.

Маха Ваџиралонгкорн (66) има богатство кое се проценува на 30 милијарди долари, а неодамна се ожени со кралицата Ситуда (40), поранешна стјуардеса и поранешна припадничка на кралската гарда.

Снимките од венчавката го обиколија светот, а венчавката, природно е извршена по тамошната традиција која предизвика доста чудење во западниот свет.

Посебно интересна беше сцената каде кралицата лежи покрај нозете на кралот, што се смета за нормално бидејќи на Тајланд кралот се смета за полубожество.

Сутида долго време работела како стјуардеса во компанијата „Thai Airways”.

Потоа се приклучила на кралската гарда, но тоа се што е познато за неа. Се знае дека во 2016 година ја добила титулата генерал.

Инаку Маха Ваџиралонгкорн зад себе има веќе три брака. Има репутација на плејбој и многу суров човек.

Од претходните три брака има седум деца, а кога на Тајланд во 2014 година имаше обид за преврат, објавени беа приватните снимки од него и неговата трета сопруга Срирасми.

На таа снимка Срирасми облечена само во танга гаќички пее роденденска песна за нивната пудлица Фуфу.