сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нова вакцина против коронавирус: Голем интерес кај земјите од ЕУ

Нова вакцина против коронавирус: Голем интерес кај земјите од ЕУ

Иако сѐ уште нема одобрување за употреба од ЕМА агенцијата се повеќе европски земји ја нарачуваат новата протеинска вакцина против ковид-19 која е произведена од француската фармацевтска компанија „Санофи“/„ГСК“, а која е поразлична и поевтина од мРНА вакцината.

Веста за новата протеинска вакцина на француската компанија „Санофи“, предизвика интерес кај луѓето околу тоа колку е делотворна и по што се разликува од достапните вакцини.

Познатиот имунолог Златко Тробоњача за хрватските медиуми ја објаснил разликата помеѓу постоечките векторски вакцини и вакцината која наскоро треба да пристигне во Хрватска.

-Нема никаков генетски материјал, тоа не е таканаречената РНК или ДНК вакцина, туку чист протеин кој влегува во нашето тело и веднаш делува на имунолошкиот систем. Она што е исто така важно е дека овие вакцини, протеински, се релативно слични со оние традиционалните вакцини на кои сме навикнати, да речеме вакцини против тетанус и слично, вели тој.

Тробоњача претпоставува дека ќе се дава една доза и смета дека и таа една би можела да произведе доволна количина на антитела за заштита.

-Ако компанијата „Санофи“ предвиди можност да се произведуваат антитела кои нема да го опфатат само изворниот облик на вирусот, туку и некои други соеви, тогаш тоа би можело да има поголемо значење во сузбивањето на постојните варијанти на Ковид-19, додава имунологот.

Сепак, оваа можност сѐ уште треба да се истражи. Вирусот постојано мутира, па се поставува прашањето колку би било исплатливо за компаниите да произведуваат и пласираат вакцини против секој сој што ќе се појави.

Коронавирус