четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 162
home Вести

Нова страница во историјата меѓу христијанството и исламот

Нова страница во историјата меѓу христијанството и исламот

Папата Франциско изјави дека со неговата посета на Обединетите Арапски Емирати се испишува „нова страница во историјата на дијалогот меѓу христијанството и исламот“ и во промовирањето на глобален мир базиран на братство.

– Во време, какво што е нашето, во кое постои големо искушение да се види конфликтот меѓу христијанската и исламската цивилизација, па дури и на религиите да се гледаат како извор на конфликти, сакавме да испратиме уште еден јасен и решителен сигнал дека средба е можна, им рече папата на верниците во Ватикан, опишувајќи ја првата посета на еден папа на Арапскиот Полуостров.

Додека престојуваше во Абу Даби, папата потпиша еден документ со големиот имам на египетската џамија Ал Азхар, Ахмед ел Тајеб, со кој го осудија религиозно мотивираното и секое друго насилство.

Папата вчера одржа миса во Абу Даби на која присуствуваа околу 180.000 луѓе. Папата на службата говореше на италијански и на англиски јазик. Тој упати молитва за мигрантите и за завршување на конфликтите.

Дводневната посета на Абу Даби папата ја искористи да ги осуди војните низ светот и ги повика христијаните и муслиманите на поголема соработка.

На аеродромот во Абу Даби папата го испрати престолонаследникот шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан заедно со официјални лица.