среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 32
home Вести

Нова рекордна бројка на новозаболени во Романија за еден ден

Нова рекордна бројка на новозаболени во Романија за еден ден

Во Романија во последните 24 часа од новиот коронавирус се заразиле 1.356 лица, што е нов рекорд по бројот на нови случаи за еден ден, соопштија денеска властите.

Како што се наведува, станува збор за случаи кои претходно немале позитивен тест, пренесува агенцијата Агерпрес.

Од последниот пресек, починале уште 35 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 2.304.

Хоспитализирани се вкупно 7.265 лица, од кои 402 се на интензивна нега.

Романија има најлоша состојба во регионот од почетокот на епидемијата, со 49.591 случаи и 2.304 смртни случаи. (МИА)

Коронавирус