недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Нова причина за страв: Откриена позаразна мутација на Ковид-19

Нова причина за страв: Откриена позаразна мутација на Ковид-19

Во Велика Британија се откриени два случаи на нова позаразна мутација на Ковид-19, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Двете лица,кај кои е откриен мутиран вид на Ковид-19 патувале во Јужна Африка, каде што мутацијата е поврзана со зголемување на бројслучаите на коронавируси.

Поради тоа воведени се ограничувања за патување во Јужна Африка, а лицата  кои патувале во последните две недели во африканската земја и тие кои биле во контакт со оние кои пристигнале од Јужна Африка треба веднаш да се самоизолираат. (МИА)

Коронавирус