среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 3
home Вести

Нова оставка во Белата куќа

Нова оставка во Белата куќа

Директорката за комуникации во Белата куќа Хоуп Хикс, која и најдолго остана на таа позиција по доаѓањето на власт на Доналд Трамп, ќе поднесе оставка.

Поранешната манекенка (29) е долгогодишна советничка на Трамп, а за време на кампањата за претседателските избори работеше како секретар за медиуми.

Во Белата куќа дојде во август минатата година, кога доби отказ контроверзниот Ентони Скарамучи, кој беше сменет после само десет дена на функцијата. Пред него на таа позиција беше Рајнс Прибус.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека не е познато кога точно Хикс ќе си замине од функцијата директор за комуникации во Белата куќа.

Таа додаде дека заминувањето на Хикс не е поврзано со нејзиното сведочење пред одборот на Конгресот за истрагата за наводна вмешаност на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.

Нејзините колеги тврдат дека Хикс наводно рекла дека „исполнила се што можела во Белата куќа“.

Коронавирус