среда, 8. декември 2021. Вести денес: 83
home Вести

Нова мутација на Ковид-19 откриена во Виетнам, мешавина е од овие два соја

Нова мутација на Ковид-19 откриена во Виетнам, мешавина е од овие два соја

Нов сој на коронавирусот – мешавина од индискиот и британскиот – е откриена во Виетнам, изјави виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг.

– Новата мутација се шири побрзо преку воздухот. Особено, тоа е де факто како индиска верзија, но со мутации што првично беа својствени за британската верзија, рече министерот. Ова беше откриено со секвенционирање гени.

Виетнам досега објави циркулација на седум варијанти на коронавирус во земјата. Сега истражувањата покажаа дека новата варијанта се реплицира многу брзо и ова објаснува зошто толку многу нови случаи на инфекција се појавија во различни делови на земјата за краток временски период.

Од втората половина на април, скоро 3.600 лица се заразени во 31 од 63 градови и провинции на Виетнам.

Коронавирус