сабота, 15. август 2020. Вести денес: 63
home Вести

Нова еколошка катастрофа во северниот дел на Русија

Нова еколошка катастрофа во северниот дел на Русија

Рускиот производител на никел „Норилск никел“ денеска соопшти дека од неговиот цевковод на Арктикот истекле околу 45 тони гориво.

Инцидентот се случил кога дошло до пад на притисокот во цевководот за впумпување на гориво во околината на населбата Тухард.

„Норилск никел“ наведе дека е затворен цевководот и се собира излеаното гориво, но оти нема опасност по здравјето на луѓето.

„Норилск никел“ беше одговорна за инцидентот кон крајот на мај, кога 21.000 тони нафта од електраната протекоа во океанот. Компанијата исто така призна дека исфрлила илјадници тони високо токсичен течен отпад во реките.

Коронавирус