сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Нова банкнота од илјада швајцарски франци

Нова банкнота од илјада швајцарски франци

Швајцарската централна банка ја претстави редизајнираната верзија на банкнотата со најголема номинална вредност – 1.000 швајцарски франци.

Во соопштението на Народната банка на Швајцарија се наведува дека е целосно редизајнирана верзијата на банкнотата, која е „помала и со тоа полесна за користење“ од претходната, а истовремено има „целосна безбедносна заштита“.

Банкнотата е со виолетова и жолта боја. Од едната страна прикажува ракување, а од другата швајцарскиот Парламент. Во оптек ќе биде пуштена на 13 март. (МИА)

Коронавирус