понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 66
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Нов земјотрес со јачина од 7 степени во близина на Ломбок

Нов земјотрес со јачина од 7 степени во близина на Ломбок

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Индиски Океан, на 124 километри север-североисточно од индонезискиот остров Ломбок, јави Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од еден километар.

Не е издадено предупредување за појава на цунами.

Претходно во текот на денот беше регистриран земјотрес на Ломбок со интензитет од 6,3 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од 7,9 километри.

На почетокот од месецот Ломбок беше погоден од земјотрес при што  загинаа најмалку 430 лица.

МИА