петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
home Вести

Нов земјотрес на индонезискиот остров Сулавеси

Нов земјотрес на индонезискиот остров Сулавеси

Нов земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во индонезискиот град Палу, кој беше опустошен од земјотрес и цунами минатиот месец.

– Епицентарот беше на длабочина од 10 километри од островот Сулавеси, соопшти портпаролот на Националната агенција за борба со катастрофи во Индонезија.

Земјотресот, кој траел пет секунди, ги принудил жителите да ги напуштат своите домови.

Во земјотресот што се случи на 28 септември, со интензитет од 7,5 степени, загинаа 1.948 лица, а властите стравуваат дека има уште стотици затрупани.

Индонезискиот научник Гегар Прасетја пред неколку години предупреди дека регионот околу заливот Палу е изложен на опасност од тешка катастрофа при нови земјотреси поради комбинација од голем број неповолни фактори.  Тој препорача мерки за намалување на влијанието и изградба на станбени и индустриски локации во помалку опасни области.

– Сега Владата мора да преземе мерки за намалување на ризикот пред следната катастрофа, порача Прасетја.

Коронавирус