понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 118
home Вести

Нов Зеланд: Најмалку пет лица загинаа во ерупција на вулкан

Нов Зеланд: Најмалку пет лица загинаа во ерупција на вулкан

Најмалку пет лица загинаа и 20 се повредени, додека неколкумина се водат како исчезнати во денешната вулканска ерупција на Белиот остров на Нов Зеланд.

Од брзата помош известија дека 20 лица се повредени, додавајќи дека испратиле седум хеликоптери со лекари на островот.

„Дваесет и три лица, најверојатно туристи од крузерот „Ovation of the Seas“, беа спасени од Белиот остров каде избувна вулканот“, соопшти полицијата.

„Оvation of the Seas“ е крузер со 16 спратови што може да прими околу 5.000 патници и има 1.500 членови на екипажот.

Коронавирус