среда, 8. декември 2021. Вести денес: 88
home Вести

Нов Зеланд ќе ги ублажи мерките кога ќе биде вакцинирано 90 отсто од населението

Нов Зеланд ќе ги ублажи мерките кога ќе биде вакцинирано 90 отсто од населението

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн денеска нагласи дека земјата ќе стави крај на заклучувањето и строгите мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот само кога 90 отсто од населението ќе биде целосно вакцинирано.

-На крајот, најдовме рамнотежа помеѓу желбата да се отвориме повторно брзо, но луѓето се уште да бидат безбедни, рече Ардерн на прес-конференција.

Досега, 68 проценти од жителите на Нов Зеланд биле вакцинирани со две дози, додека 86 проценти добиле единечна доза. Откако ќе се исполни целта за 90 проценти целосна вакцинација на населението, земјата ќе се пресели во нова рамка за заштита од Ковид -19 што ќе обезбеди излез од заклучувањето и ќе овозможи повторно отворање на бизниси и настани, рече Ардерн. -Целосно вакцинираните луѓе ќе можат повторно да се соберат со семејството и пријателите, да одат во барови и ресторани и да прават што сакаат со поголема безбедност, додаде таа. Нов Зеланд, кој беше пример во борбата против Ковид-19, има потешкотии да го потисне ширењето на многу заразна Делта варијанта на вирусот, и покрај тоа што неговиот најголем град Оукленд е под строг „локдаун“ повеќе од два месеца.

Инаку, за време на прес-конференцијата, Нов Зеланд беше погоден од земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтеровата скала, што ја принуди премиерката да подзастане, да се фати поцврсто за говорницата, а потоа му се обрати на новинарот со прашањето: Ах, извинете, мало одвлекување на вниманието – дали би ви пречело да го повторите тоа прашање?

Коронавирус