среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Нов вооружен напад во САД, најмалку тројца убиени

Нов вооружен напад во САД, најмалку тројца убиени

Уште еден вооружен напад со смртни последици денеска е регистриран во САД, овојпат во супермаркет во мало гратче во сојузната држава Оклахома.

Американските медиуми јавуваат дека во нападот има најмалку тројца мртви, а имало и повеќе повредени лица.

Пукањето било регистрирано во супермаркет на „Волмарт“ во градот Данкан.

Медиумите, исто така, јавуваат дека меѓу загинатите е и напаѓачот.