петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Нов вирус, предизвика вистинска паника во Кина: Едно лице почина, а оние кои биле во контакт се тестирани

Нов вирус, предизвика вистинска паника во Кина: Едно лице почина, а оние кои биле во контакт се тестирани

Кинеските медиуми пренесоа дека луѓето кои патувале во истиот автобус со починатиот пациент исто така биле тестирани на овој вирус.

Светските медиуми пренесоа дека човек во Кина починал откако бил позитивен на хантавирус, а по објавувањето на оваа вест се крена огромна паника на социјалните мрежи.

Кинеските медиуми пренесоа дека луѓето кои патувале во истиот автобус со починатиот пациент исто така биле тестирани на овој вирус, а корисниците на социјалните мрежи, особено на Твитер, коментираат дека во овој момент не можат да поднесат уште една пандемија.

Меѓутоа, како што пишува „Раша тудеј“, хантавирусот не е ништо ново. Познат е со децении наназад и го пренесуваат глодарите. Од друга страна, заразените луѓе можат да развија пулмолошки хантавирус синдром, чии симптоми се слични на коронавирусот.

За среќа, луѓето можат да се заразат само ако имаат контакт со измет на заразени животни или доколку бидат гризнати од глодари.

Во меѓувреме, Ковид-19 и натаму предизвикува голема загриженост ширум светот. Вирусот продолжува да освојува нови територии и покрај карантиските мерки што ги презедоа многу држави. Само во Европа досега се потврдени над 200.000 заразени пациенти со коронавирусот, а починати се околу 10.000.

Коронавирус