вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нов скандал во кралското семејство: Принцот Чарлс има вонбрачен син? (ФОТО)

Нов скандал во кралското семејство: Принцот Чарлс има вонбрачен син? (ФОТО)

Австралиецот Сајмон Доранте-Деј (52) тврди дека е незаконитиот син на британскиот принц Чарлс (70) и неговата денешна сопруга, во тоа време љубовница, Камила Паркер-Буолс (71).

Сајмон, кој себе си се нарекува принц Сајмон, сака да направи ДНК анализа и да “стави крај на 40 годишната потрага“. Доранте-Деј, чие средно име е Чарлс, роден е во 1966 година во Госпорт, во грофовијата Хемпшир.

Доколку е вистина тоа што тој го тврди, зачнат е во 1965 година, кога Чарлс имал 17 години, а Камила 18. Тоа ја руши и официјалната верзија за љубовната приказната на Чарлс и Камила, според која тие се запознале во 1970 година.

Сајмон го посвоила неговата баба Винифред, која работела за кралицата Елизабета и принцот Филип. Тој тврди дека баба му често отворено му говорела дека е “син на Чарлс и Камила“.

„Не ми навестуваше туку отворено ми зборуваше. Некој ја прокоментира структурата на мојата вилица и ми рече дека е иста како на Неговото височество. Косата ми е како на Камила“ – изјавил тој.

“Принцот Сајмон“ неодамна во едно интервју, истакнал деак е уверен оти за него би се дознало доколку принцезата Дајана не загинала во автомобилската несреќа во 1997 година.

„Верувам дека Дајана знаеше за мене и оти ги сложила сите коцки од мозаикот. Мислам дека стигна до точка кога пронаоѓаше се повеќе одговори за својот живот, за тоа какво зло и беше направено о оти има намера тоа да го објави“ – навел тој.

Чарлс од бракот со принцезата Дајана ги има синовите Вилијам и Хари, а Камила од бракот со Ендру Паркер Боулс го има синот Том (44) и ќерката Лора (41).

Локални избори 2021