вторник, 11. август 2020. Вести денес: 140
home Вести

Нов шок во кралската палата: Меган ја избркала жената во која кралицата имала најголема доверба

Нов шок во кралската палата: Меган ја избркала жената во која кралицата имала најголема доверба

Личната асистентка на принцот Хари и Меган Маркл, кој им била доделена од страна на кралицата Елизабета Втора по венчавката, моментално го одработува својот отказен рок и ќе ја напушти таа позиција кога ќе се роди нивното прво дете напролет.

50-годишната Австралијка Саманта Коен е клучната личност од послугата која работи за Меган Маркл и принц Хари, а нејзиното заминување само дополнително ги засилило гласините дека тешко е да се соработува со војвотката од Сасекс.

Саманта Коен, сопруга на стоматолог, родена во Австралија, ја добила првата работа во палатата уште во 2001 година, а благодарение на нејзините работни амбиции и способности, брзо напредувала и на крајот стигнала до најблискиот круг на Меган Маркл.

По личната асистентка Мелиса Туабти, која дала отказ по само шест месеци работа за војвотката од Сасекс, таа е втората личност што заминува.

Коронавирус