понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 53
home Вести

Нов рекорд на заразени во Индија, вкупно речиси 2,4 милиони

Нов рекорд на заразени во Индија, вкупно речиси 2,4 милиони

Индија соопшти за уште едно рекордно зголемување на новозаразени со коронавирусот – 66.999 случаи на инфекција потврдени во изминатите 24 часа.

Вкупниот број заразени лица во Индија сега е речиси 2,4 милиони, соопшти индиското Министерство за здравство. Вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот надмина 47.000.

Индија е на третото место во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил, и на четвртото место по бројот на смртни случаи, по САД, Бразил и Мексико.

Индија има повеќе од 50.000 новоинфицирани дневно со коронавирусот во изминатите 15 денови.

Коронавирус