понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 27
home Вести

Нов обид за државен удар беше спречен во Венецуела

Нов обид за државен удар беше спречен во Венецуела

Министерот за информации, Хорхе Родригез изјави дека венецуелските власти спречиле нов обид за државен удар.

-Имаме видео запис што покажува дека пари и оружје се префрлени заради обид за државен удар, изјави Родригез.

Според него, планот бил да се заземат складиштата за муниција и воениот аеродром во Каракас, а потоа да се ослободи поранешниот министер за одбрана, Раул Бадуел, од затвор, и да се прогласи за претседател.

Бадуел е осуден во 2009 година за корупција.