сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Нов масакар во САД, овој пат во Дејтон (ВИДЕО)

Нов масакар во САД, овој пат во Дејтон (ВИДЕО)

Пријавено е ново масовно пукање, овој пат во Дејтон, Охајо, при што локалните медиуми јавуваат дека најмалку 10 лица се повредени.

Известувањата доаѓаат помалку од 24 часа по пукањето во Ел Пасо во кое загинаа 20 лица.

Пукањето е пријавено на подрачјето на „East 5th Street“ во округот Орегон во Дејтон.

Прелиминарните извештаи велат дека стрелецот е неутрализиран од страна на полицијата, и е во притвор или е мртов.

Снимките наводно направени на местото на настанот покажуваат силно присуство на полицијата.