среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 91
home Вести

Нов црн биланс од земјотресот во Ломбок: 436 жртви, огромна материјална штета

Нов црн биланс од земјотресот во Ломбок: 436 жртви, огромна материјална штета

Бројот на загинати во земјотресот кој го погоди индонезискиот остров Ломбок се искачи на 436, а причинета е материјална штета која се проценува на стотина милиона долари.

Најголем дел од жртвите во катастрофалниот земјотрес од 7 степени, починале при рушење на згради, изјавиле официјалните лица.

Властите во Индонезија посочуваат дека во земјотресот се оштетени многу куќи, како и инфраструктура, а материјалната штета изнесува најмалку 342 милиони долари.

Околу 350.000 жители на Ломбок се приморани да ги напуштат своите домови.