сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

НОВ БИЛАНС: 40 загинати, 140 повредени- возилото на Брза помош експлодирало во близина на Канцеларијата на ЕУ (ФОТО)

НОВ БИЛАНС: 40 загинати, 140 повредени- возилото на Брза помош експлодирало во близина на Канцеларијата на ЕУ (ФОТО)

Најмалку 40 лица загинаа, а 140 се повредени откако силна експлозија го потресе центарот на Кабул главниот град на Авганистан, пренесе Индепендент.

Облак од чад се забележувал над местото на експлозијата, што се случи во близина на старата зграда на Министерството за внатрешни работи.

Канцелариите на Европската унија и Високиот мировен совет се исто така во близина, заедно со голем број странски амбасади и полициски штабови. Сведоците велат дека областа била преполна со луѓе во моментот на експлозијата.

Насрат Рахими заменик-портпарол на Министерството за внатрешни работи рече дека напаѓачот бил во возило на брза помош и на полицијата ѝ кажал дека носи пациент во блиската болница со што поминал на првиот безбедносен контролен пункт. На вториот контролен пункт го детонирал експлозивот, рече тој.

Забихула Муџахид портпаролот на талибанците ја презеде одговорноста за нападот.

Авганистанските сили се борат против талибанците откако САД и НАТО официјално ја завршија својата борбена мисија на крајот од 2014 година.

Тие, исто така, се соочуваат со подемот на приврзаниците на ИСИС кои извршиле бројни напади од големи размери во последниве години.

Минатата недела талибанските милитанти убија 22 лица во луксузниот хотел Интерконтинентал во Кабул.

Коронавирус