среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 144
home Вести

Нотр Дам повторно во функција со служба за Велики петок

Нотр Дам повторно во функција со служба за Велики петок

Во Катедралата Нотр Дам, која пред една година беше оштетена во пожар, парискиот надбискуп Мишел Упети ќе ја предводи службата по повод Велики петок според грегоријанскиот календар.

За време на церемонијата, планирани се молитви, читање религиозни текстови и музика, но без поголемо присуство на верници.

Службата, на која ќе учествуваат само мал број луѓе, бидејќи катедралата е затворена за јавност, ќе биде пренесувана во живо.

Во пожарот што се случи на 15 април минатата година целосно беше урнат кровот на катедралата.

Француската престолнина е во карантин поради коронавирусот.

Коронавирус