недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Норвешка воведува построги мерки, вклучително и за приватни собири

Норвешка воведува построги мерки, вклучително и за приватни собири

Поради најновото зголемување на бројот на новозаразени, Норвешка ќе воведе построги мерки во борбата против пандемијата, вклучително и ограничувања на приватни собири, соопшти премиерката Ерна Солберг.

Норвешката премиерка исто така рече дека ќе бидат укинати исклучоците од мерките за карантин за странските работници кои доаѓаат во Норвешка. Тие од 31 октомври ќе треба да поминат десет дена во карантин по пристигнувањето во земјата, рече Солберг.

Во Норвешка од почетокот на пандемијата со коронавирусот се заразиле околу 18.000 луѓе, а повеќе од 270 починале. (MИА)

Коронавирус