недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Норвешка ќе забрани полуавтоматско оружје

Норвешка ќе забрани полуавтоматско оружје

Норвешка ќе забрани полуавтоматско оружје од 2021 година, кога ќе се навршат десет години од масовното убиство на островот Утоја каде екстремистот Андерс Брејвик уби 69 лица.

Малцинската десничарска Влада минатата година поднесе закон за забрана на овој тип оружје, а конзервативниот пратеник Петер Фрулик вчера изјави дека предлогот на Владата ќе го поддржат мнозинството пратеници.

– Следствено на тоа, во Норвешка ќе биде забрането полуавтоматското оружје, истакна Фрулих.

Забраната ќе влезе во сила во 2021 година. Таа доаѓа во момент кога и во САД се активираат дебатите за забрана на тој вид оружје по масовното убиство во гимназијата на Флорида каде беа убиени 17 лица.

Маскиран како полицаец, Брејвик час и 15 минути со пиштол Глок и полуавтоматска пушка Ругер Мини 14 пукаше врз ученици во летен камп на младинска политичка организација, при што уби 69 лица, од кои повеќето беа тинејџери. Пред тоа тој уби други осум лица во бомбашки напад врз зградата на владата во Осло.

Коронавирус