среда, 28. јули 2021. Вести денес: 156
home Вести

Њујорк тајмс: Саудиски оперативци кои го убиле Кашоги биле на обука во САД

Њујорк тајмс: Саудиски оперативци кои го убиле Кашоги биле на обука во САД

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на Вашингтон пост во 2018 година, Џамал Хашоги, поминале паравоена обука во САД според договор одобрен од Стејт департментот, објави Њујорк тајмс.

Обуката се одржала од безбедносната компанија со седиште во Арканзас, Група Тиер 1, што е во сопственост на приватната компанија Серберус Капитал Менаџмент, со одбранбена природа и со цел – заштиа на саудиските лидери, наведува весникот.

Новинарот на „Вашингтон пост”, Џамал Хашоги, беше убиен во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, на 2 октомври 2018 година, кога отиде во конзулатот да ги добие документите потребни за брак, а неговите останки никогаш не беа пронајдени.

Турција ги обвини саудиските власти за убиството на новинарот, но тие негираат дека политичкиот врв бил вклучен во овој ужасен настан.

Ријад првично го негираше убиството, а потоа тврдеше дека тоа го извршиле саудиски агенти кои дејствувале самостојно. Според саудиските власти, станува збор за „одметничка операција”. За убиството обвинија дваесетина одметнати пониски офицери, од кои пет беа осудени на смрт по едногодишно судење.

Коронавирус