вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 84
home Вести

„Њујорк тајмс“: САД продолжија со Ирак со заеднички воени операции

„Њујорк тајмс“: САД продолжија со Ирак со заеднички воени операции

САД ги продолжија воените операции со Ирак, прекинати по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во американска воздушна напад во Багдад на почетокот на јануари, објави „Њујорк Тајмс“.

Двајца американски воени официјални лица, кои побараа анонимност, за весникот изјавиле дека Пентагон сакал да ја продолжи, заедно со ирачката војска, што поскоро борбата против џихадистичката група ИД за да не може таа да ја искористи ситуацијата.

Заедничките операции на двете страни беа прекинати на иницијатива на Вашингтон на 5 јануари, два дена по убиството на Сулејмани во близина на аеродромот во Багдад. Истиот ден, ирачкиот Парламент донесе резолуција со која се бара од Владата да стави крај на присуството на сите странски трупи во Ирак.