понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Вести

Њу Делхи повторно ги затвори училиштата поради загадениот воздух, се повеќе деца во болници

Њу Делхи повторно ги затвори училиштата поради загадениот воздух, се повеќе деца во болници

Индискиот главен град Њу Делхи нареди затворање на училиштата и колеџите од утре до натамошно известување поради загадувањето на воздухот, откако Врховниот суд ги критикуваше градските власти за повторно отворање, иако ситуацијата не е подобрена.

Градските власти минатата недела одлучија повторно да ги отворат училиштата и факултетите откако ги затворија речиси 15 дена поради загадениот воздух.

Врховниот суд денеска ја критикуваше одлуката и ја разгледува жалбата за неспособноста на Владата да го намали загадувањето на воздухот.

Останува во сила забраната за градежни работи и влез на дизел камиони со несуштинска стока, изјави градскиот министер за животна средина Гопал Раи.

Раи ги повика граѓаните да користат јавен превоз.

Властите во Делхи ангажираа уште 700 автобуси на гас за таа цел.

Поради лошиот квалитет на воздухот, се повеќе деца со проблеми со дишењето се во болница. (МИА)

Коронавирус