вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 81
home Вести

Њу Делхи најзагаден град во светот во 2018 година

Њу Делхи најзагаден град во светот во 2018 година

Индиската престолнина Њу Делхи е најзагаден град во светот во 2018 година, покажува истражувањето спроведено од две мониторинг организации во 61 град.

По Делхи, каде што живеат 20 милиони луѓе, следат главните градови на Бангладеш и Авганистан, Дака и Кабул.

Анализата е направена во соработка со „Ај кју ер визуел“, швајцарска група која собира податоци за квалитетот на воздухот во целиот свет и меѓународната организација „Гринпис“.

Според истражувањето, загадувањето во Њу Делхи е предизвикано од возилата и индустријата, од градежништвото, чад од домаќинството и од земјоделски отпадоци.

Во 2018 година содржината на фините честички прав во воздухот во еден кубен метар изнесуваше 113,5 микрограми. Тоа е двојно повеќе отколку во Пекинг, каде што средната годишна вредност е 50,9 микрограми. Според тоа, кинеската престолнина е на осмото место во светот по загадување.