понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Николас Мадуро подготвен за дијалог со Доналд Трамп

Николас Мадуро подготвен за дијалог со Доналд Трамп

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изрази подготвеност за дијалог со американскиот претседател Доналд Трамп, ако се заснова на меѓусебно почитување. Ова го изјави Мадуро синоќа за венецуелската новинска државна агенција.

– Доколку е потребно, јас сум подготвен да одржам разговор со Доналд Трамп врз основа на меѓусебно почитување, изјави Мадуро во интервјуто што го пренесе и државната телевизија.

Во неделата, порталот за вести „Аксиос“ објави изјава на Трамп во која се вели дека е подготвен да се сретне со Мадуро. Подоцна Трамп на Твитер објави дека е подготвен за таков контакт, но само да разговара за мирно напуштање на власта на Мадуро.

Коронавирус