среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 136
home Вести

Никој не е поштеден: Украинец по трет пат заболел од коронавирусот

Никој не е поштеден: Украинец по трет пат заболел од коронавирусот

Жител на Тернополе, регион во Украина, по трет пат заболува од коронавирусот рече шефот на Министерството за здравство на локалната администрација.

-Постои пациент, твеќе трет пат е заболен со коронавирусот. Мора да разбереме дека дури и оние што се заразиле со вирусот не се безбедни и не значи дека нема да има повторување на болеста, рече официјалниот претставник.

Според податоците на Министерството за здравство, досега во Украина се регистрирани 67.597 случаи на инфекција со коронавирус, а како резултат умреле 1.650 лица.

Закрепнале 37.394 лица.

Коронавирус