вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home Вести

Незапаметен хорор во Америка: Поранешен сопруг на тенисерка ги убил нивните деца на спиење, па си го одземал својот живот (ФОТО)

Незапаметен хорор во Америка: Поранешен сопруг на тенисерка ги убил нивните деца на спиење, па си го одземал својот живот (ФОТО)

Поранешната американска тенисерка Стефани Рајс овие денови минува низ најлошата трагедија која може да му се случи на еден човек. Таа остана без своите две малолетни деца кои ги убил нејзиниот поранешен сопруг пред и самиот да изврши самоубиство.

Пред четири дена таа примила повик од кој стравува секој родител. Нејзините две деца, 15 годишниот Харисон и 13 годишната Шелби не се појавиле на училиште.

Откако не можела да ги добие на телефон ниту децата, ниту поранешниот сопруг Мајкл хан, таа отишла до неговата куќа во Зајонсвил во Индијана, но вратата била заклучена и никој не се јавувал.

Полицајците влегле во куќата околу 10:30 наутро и ги пронашле Шелби и Харисон во кревет со прострелни рани и телото на нивниот татко, поранешен сопруг на 50 годишната поранешна тенисерка, кој самиот си го одземал живото со огнено оружје. Полицијата верува дека Хан ги убил своите деца додека спиеле пред да крене рака на себе.

Засега е нејасно кога се случило страшно крвопролевање, со оглед дека никој од соседите не слушнал пукање.

-Ќе се обидеме да дознаеме дали мотивите за ова злосторство лежат во семејното минато или разводот и да дознаеме што точно се случило, кажал Нилсен.

Погребот е закажан за во четврток.