недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Вести

Невреме во Британија, едно лице повредено

Невреме во Британија, едно лице повредено

Велика Британија беше погодена од невреме, проследено со ветрови кои достигнаа брзина од 97 километри на час, при што едно лице е сериозно повредено во Лондон, јавуваат британските медиуми.

Според „Ивнинг Стандард“, 50-годишен маж се здобил со сериозни повреди во јужниот дел на Лондон кога врз него паднало дрво.

Невремето го наруши и нормалното одвивање на сообраќајот. Главната железничка линија, која ги поврзува Шкотска и Англија, беше затворена поради поплавени шини меѓу Карлајл и Локерби.

Обилните врнежи од дожд ќе траат сè до утринските часови, а во сила е жолт метео-аларм во областа Глазгов.