среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 89
home Вести

Невреме предизвика хаос во Њујорк: Жена четири часа била заробена под урнатините на седумкатна зграда (ФОТО+ВИДЕО)

Невреме предизвика хаос во Њујорк: Жена четири часа била заробена под урнатините на седумкатна зграда (ФОТО+ВИДЕО)

Една жена е повредена синоќа при делумно уривање на напуштена седумкатна зграда во Њујорк, за време на краткотрајно невреме.

Како што соопшти градоначалникот на Њујорк, Роб Ролсон, при уривањето, делови од зградата предизвикале штети на неколу околни објекти.

Дел од урната зграда паднал врз една жена, поклопувајќи ги нејзините нозе, при што таа останала зарабоена околу четири часа.

Шефот на њујоршката противпожарна служба Марк Џонсоон изјави дека засега нема сознанија за други повредени лица.

– Се уште немавме можност да ги провериме останатите згради, затоа што се нестабилни, истакна Џонсон, додавајќи дека при уривањето на седумкатницата биле оштетени и најмалку два автомобили.

Американските медиуми јавуваат дека причина за уривањето на старата зграда нејверојатно е силниот ветер, кој достигнувал брзина од околу 100 километри на час.