петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА ВО РОМАНИЈА – бебе починало при крштевање во црква

НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА ВО РОМАНИЈА – бебе починало при крштевање во црква

Јавноста во Романија изминатиов период е потресена по шокантната информација дека во понеделникот шест недели старо новороденче починало во болница, непосредно по крштевање во црква во место наречено Сучаева.

Имено, бебето откако три пати било потепено во благословената вода, се разболело и по неколку часа во болница било констатирано дека починало од срцева болест.

Многу Романци се мобилизираа оваа недела на социјалните мрежи за да ја убедат Православната црква да го смени обредот на крштевање по смртта на новороденче, ден по таа церемонија.

Иницијаторите на петицијата на Интернет, велат дека трагедијата со овој случај е голема и не смее да е повторлив.

Во болница преку аутопсија било откриено дека бебето во неговите бели дробови имало течност, и по тоа е отворена истрага за убиство од небрежност против свештеникот кој ја водел церемонијата.

Според извештаите на медиумите, во последните години се случиле неколку такви случаи.

 

 

Коронавирус