Откако Европската комисија го одбила фискалниот план на владата во Рим, италијанскиот член на европскиот парламент, Анџели Чока, пред новинарите со чевел ги газел документите од европскиот комесар за економски и финансиски работи Пјер Московиси.
Московиси денес остро го осудил овој „перфоманс” и навел дека таквото однесување е гротескно.
На крајот од прес-конференцијата, Чока од италијанската владејачка десничарска Лига, се качил на подиумот зад грбот на Московиси и го газел документот кој Московиси го користел во аргументирањето на таквата одлука на ЕК.
Вели дека за перфомансот користел чевел произведен во Италија, а дека Московиси изговорил без број лаги против Италија.
“Епизодата со чевелот е гротескна”, напишал Московиси на Твитер.
L’épisode de la « chaussure ? made in Italy » est grotesque. Au début on sourit et on banalise parce que c’est ridicule, puis on s’habitue à une sourde violence symbolique, et un jour on se réveille avec le fascisme. Restons vigilants! La démocratie est un trésor fragile
— Pierre Moscovici (@pierremoscovici) October 24, 2018
“Најпрво се смееме и ја банализираме ситуацијата бидејќи е смешна, а потоа се навикнуваме на прикриено симболично насилство, а потоа еден ден се будиме со фашизам. Остануваме будни! Демократијата е кревко богатство”, предупредил Московси.
Европската комисија го повикала Рим да претстави нов нацрт на буџетот со кој се намалува структурниот дефицит за 0,6 проценти на БДП, наместо да се зголемува за 0,8 процентни поени, како што се предвидува со сегашниот план.
Меѓутоа, потпретседателот на италијанската влада, Матео Салвини, нема да го менува буџетот за 2019. година.