недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

НЕВИДЕН МАСАКР: Експлодираше возило на Брза Помош- 17 мртви, 110 повредни

НЕВИДЕН МАСАКР: Експлодираше возило на Брза Помош- 17 мртви, 110 повредни

Најмалку 17 лица се мртви, а 110 се повредени во експлозија на бомба во возило на Брзата помош во Кабул, соопштија авганистанските власти, јавува агенцијата АП.

Италијанската невладина организација Имрџенси наведува дека има повеќе од 50 повредени кои се префрлени во болница и додава дека се работи за масакр, јавува АФП.

Екслозијата се случила во кабулскиот кварт каде што се наоѓаат канцелариите на ЕУ и седиштето на авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Одговорноста за самоубиствениот напад со автомобил-бомба ја презедоа талибанците, една недела откако изведоа напад и на хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул, во кој беа убиени повече од 20 лица, јавуваат агенциите.

Нивото на предупредување на напади е максимално, посебно во дипломатскиот кварт, каде што се наоѓаат амбасади и седишта на странски институции.

Пратеникот Мирваис Јасини, кој се наоѓал во близина кога одекнала експлозијата, рекол дека возилото на Брзата помош се приближило до контролниот пункт, во близина на канцеларијата на Високиот совет за мир и амбасадите и потоа експлозирало, пренесува Ројтерс.

Коронавирус