сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Невиден хорор во Германија: 10 годишно дете од Авганистан силувал врсник од училиште, му помагале две 11 годишни момчиња

Невиден хорор во Германија: 10 годишно дете од Авганистан силувал врсник од училиште, му помагале две 11 годишни момчиња

Германскиот суд ја отфрли тужбата против 10 годишен мигрант од Авганистан, кој силуваше школски другар за време на екскурзија, во што му помогнале една година постарите Авганистанец и Сириец.

Имено, според германските закони, на овие деца не може да им се суди, затоа што немаат доволно години.

Инцидентот се случил кога 38 деца од училиште во Берлин тргнале на екскурзија во Шлос Кролендорг, дворец во Нордвестмарк во Германија. Требало да поминат преубав ден во природа, но сепак се случил вистински пекол.

Додека двете 11 годишни момчиња го држеле, третото десетгодишно момче сексуално го нападнало и го силувало, пишува Берлинер Цајтунг.

Две други момчиња виделе што се случува, но не го пријавиле случајот кај професорот. Тек после 10 дена жртвата собрала сили за на социјалниот работник во училиштето да му раскаже што се случило.

Затоа што случајот со силувањето станал познат, училиштето ги известило родителите на сите деца и полицијата. Насилниците моментално биле суспендирани од страна на училиштето.

Меѓутоа, германскиот суд го отфрли случајот, со обраснување на дека на момчињата не може да им се суди, затоа што се уште немаат 14 години. Се што може да се направи е на момчето кое го сторило чинот на силување, да му се забрани посетување на „нормално“ училиште со други ученици.

-Сакаме да ги исцрпиме сите легални можности како би се осигурало тој да не посетува редовно училиште, туку да биде специјално школуван, кажале од училишната администрација на Берлин.

Двете деца кои помагале при силувањето продолжиле да одат на училиште, само биле преместени.

Инаку, овој случај сигурно уште повеќе ќе ги крене тензиите во Германија, каде во моментов има анти- мигрантски протести, а во пораст е рејтингот на десничарските партии.