недела, 20. септември 2020. Вести денес: 11
home Вести

Невеста среде снимање се спасува од експлозијата во Бејрут (ВИДЕО)

Невеста среде снимање се спасува од експлозијата во Бејрут (ВИДЕО)

Фотографот ја снимал невестата на денот на нејзината венчавка во моментот на ужасната експлозија во Бејрут , во која загинаа над 135 луѓе , а илјадници се повредени.

На почетокот на видеото, се гледа насмеаната невеста како позира на живописниот плоштад. Но, тогаш снимањето наеднаш беше прекинато од силниот шок-бран од експлозијата што ги разниша прозорците на куќите и продавниците, а луѓето почнаа да бегаат во паника и да бараат место каде би можеле да се скријат.

Фотографот Махмуд Накиб изјави дека ја слушнал првата експлозија, но дека не бил премногу загрижен затоа што звучело како да се случило многу далеку. Затоа, тој продолжил да ја снима невестата Исра Себлани сè додека градот не бил погоден од втората експлозија, пишува Си-Ен-Ен.

Жителите на Бејрут се бесни на владата за, како што велат, небрежноста што била главната причина за експлозијата.

Претседателот Мишел Аун рече дека експлозијата била предизвикана од 2.750 тони амониум нитрат, кои биле несоодветно складирани во магацин во пристаништето.

Многу граѓани ги обвинија властите за корупција, занемарување и лошо управување со магацинот.

Коронавирус