среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Невеста од пеколот: Глумела дека умира од рак за да собере пари и да си направи свадба од соништата (ФОТО)

Невеста од пеколот: Глумела дека умира од рак за да собере пари и да си направи свадба од соништата (ФОТО)

Жена од Велика Британија лажирала терминална дијагноза за рак за да ги натера нејзините пријатели да платат за „совршената венчавка“, пишува Метро.

Пријателите на Тони Стенден (29) собрале 8.500 фунти за да може со нејзиниот партнер Џејмс да имаат „ден што го заслужуваат“.

Заради измамата, Стенден дури и ја избричила главата, а во емотивната молба за помош напишала дека би сакала отец Дерек, кој умирал од рак, да ја одведе до олтарот.

57-годишниот Дерек починал пред венчавката во Чешир, но снимил видео порака за гостите на свадбата. Локалниот фудбалски клуб снимил и видео за поддршка на младенците кои го поминале медениот месец во Турција, а потоа отпатувале во Германија, Чешка, Австрија, Унгарија и Италија, додека Статен била “болна“ цело време.

На почетокот на оваа година, таа исто така тврдела дека се разболела од коронавирус, но тоа предизвикало сомнеж кај нејзините пријатели кои конечно се соочиле со неа.

На Стенден сега и се заканува потенцијална затворска казна откако минатата недела се изјаснила за виновна за измама со лажно тврдење помеѓу февруари 2019 година и април 2020 година во Прекршочниот суд во Честер.

Шерил Астон (33), нејзина пријателка од колеџ, која донирала 525 фунти, за Мирор изјавила дека Стенден заработила Оскар за нејзината глума.

“Таа не измами сите нас. Ми рече дека умира и јас паднав на тоа. Бев скршена – сите бевме”.

Во февруари годинава, Тони Стенден објавила на Фејсбук дека починала. За тоа ги обвинила хакерите, но еден нејзин познаник рекол дека тоа го сторила само за да привлече внимание и да види како луѓето ќе реагираат доколку помислат дека починала.

Коронавирус