петок, 21. септември 2018. Вести денес: 104
home Вести

Неверојатна драма во ветеринарна клиника: Жена скришно на вработените им достави порака, а тие викнаа полиција (ВИДЕО)

Неверојатна драма во ветеринарна клиника: Жена скришно на вработените им достави порака, а тие викнаа полиција (ВИДЕО)

Во ветеринарна амбуланта на Флорида во мај оваа година се случи вистинска драма, а сега се појавија и снимки.

Каролин Рајхле на 28 мај влегла во ветеринарна болница со момчето Џереми Флојд, каде го однеле кучето.

Жена тогаш направила нешто многу храбро, и пришла на секретарката и скришно и додала порака во која пишувало.

-Повикајте полицијата. Моето момче ми се заканува. Има пиштол. Немојте да ве примети!

Надзорните камери малку подоцна ја снимиле полицијата како доаѓа и го приведува мажот.

Полицијата потоа открила дека Флојд ја држел Каролин во заложништво два дена. Потоа ја претепал и на неа и се заканувал со пиштол, а во текот на расправата испалил и два куршуми во знак  на предупредување.

Керолин лежела во кревет цел ден поради повредите, но потоа успеала да го убеди Флојд да го одведат кучето кај ветеринар. Додека се возеле кон амбулантата, Флојд уште еднаш и се заканил, кажувајќи дека ќе и го убие цело семејство.

После апсењето на насилникот, Каролин е примена во болница каде и се санирани повредите.