понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Неутешна мајка на 16 годишно починато девојче од коронавирус: Беше обична кашлица, а потоа следуваа овие смртоносни симптоми

Неутешна мајка на 16 годишно починато девојче од коронавирус: Беше обична кашлица, а потоа следуваа овие смртоносни симптоми

16 годишнaта Џули од Франција во средата доцна вечерта починала од коронавирусот иако бил потполно здрав.

Таа воедно и најмладиот починат пациент во Франција кој починал од овој смртоносен вирус.

„Неподносливо е“, ова се зборовите на мајката на младата тинејџерка која како што вели имала само кашлица како симптоми на овој вирус.

-Едноставно навидум лесна кашлица која се појавила пред само една недела сакала да ја излечи со сируп за кашлица и инхалација, но залудно, раскажува мајката.

Трогнатата мајка вели и дека во нејзината соба таа прво започнала да снемува здив, а потоа  кашлањето било се почесто, а имала и болки во срцето.

Откако претходно нејзината ќерка била прегледана во една болница во Париз им било соопштено дека нивната ќерка се заразила со коронавирусот и дека нејзината состојба се влошува.

„Нејзиното тело веќе беше сиво, кога пристигнавме во болницата таа беше мртва и ја допрев раката, а нејзината кожа се уште беше топла“, се потсети низ солзи за француските медиуми Сабин, мајката на девојчето.

На нив им било забрането и да ги земат работите на девојчето бидејќи истите требало да се запалат според протоколите за справување од пандемијата.

Инаку според мерките девојчето ќе биде погребано само во присуство на 10 луѓе, а мајката за сето ова за медиумите раскажала дека тешко е да се прифати.

Коронавирус