четврток, 21. јуни 2018. Вести денес: 77
home Вести

Нетанјаху: Со нападите во Сирија, Израел придонесува за безбедноста на Европа

Нетанјаху: Со нападите во Сирија, Израел придонесува за безбедноста на Европа

Авиони на Военото воздухопловство на Израел нападнаа позции на проирански шиитски милитантни групи во Сирија, соопшти денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Според него, ваквите израелски взодушни напади можат да придонесат за „спречување на прилив на сунитски бегалци од Сирија кон Европа“.

Нетанјаху го обвини Иран, кој ја поддржува Владата на сирискиот претседател Башар Асад, дека во текот на седумгодишната граѓанска војна, во Сирија довел 80.000 шиитски борци, од земји како Пакистан и Авганистан, со цел да „вршат напади врз Израел и да го преобратат сунитското мнозинство“.

– Тоа е рецепт за разгорување на уште една граѓанска војна, би рекол теолошка војна, верска војна, која може да доведе милиони (бегалци) во Европа. Тоа би предизвикало бескрајни катаклизми и тероризам во многу земји, нагласи Нетанјаху во обраќање на безбедносен форум.

Тој нагласи дека Израел нема да дозволи таков развој на настаните, па затоа израелската армија напаѓа цели на шиитските групи во Сирија, со што придонесува за безбедноста на европските земји и на целиот свет.

Сунитите сочинуваат околку 70 отсто од населението во Сирија, над 10 проценти се алавити, на кои им припаѓа и сирискиот претседател Асад, околу 10 отсто се христијани, над три проценти се шиити, а околу седум отсто се припадници на други религии.  Алавитите се верска група, која се смета за дел од шиитскиот Ислам.

МИА