среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 17
home Вести

Нетанјаху се откажа од напорите да формира нова влада: Се обидов да направам влада на широко единство

Нетанјаху се откажа од напорите да формира нова влада: Се обидов да направам влада на широко единство

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека се откажува од напорите да формира нова влада, откако не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот по изборите во септември.

Нетанјаху, кој ја предводи партијата Ликуд, рече дека му го враќа мандатот на израелскиот претседател Рувен Ривлин, откако работеше, како што рече, на „воспоставување влада на широко единство“.

Ривлин рече дека во наредниот период ќе одржи консултации со различни политички партии за да ги информира дека мандатот за формирање нова влада ќе му го даде на ривалот на Нетанјаху и лидер на партијата Бело-Сино Бени Ганц.

Ако и Ганц не успее да формира влада, тоа најверојатно ќе доведе до нови парламентарни избори, трети од април.