четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нетанјаху: Ни за секунда не смееме да го замаглиме жртвувањето на поранешниот Советски сојуз

Нетанјаху: Ни за секунда не смееме да го замаглиме жртвувањето на поранешниот Советски сојуз

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не треба да се намалуваат жртвувањата и придонесот на Советите во Втората светска војна. Ова тој го изјави на церемонијата на отворање на споменикот во Еруслаим, посветен на опсадата на Ленинград што траеше 900 дена.

Нетанјаху притоа потсети дека во таа војна беа убиени милиони жители на Советскиот сојуз.

-Не смееме ни за една секунда да го замаглиме жртвувањето и придонесот на поранешниот Советски сојуз во победата на нацистичкиот монструм, рече израелскиот премиер.

Споменикот е откриен пред почетокот на собирот на светските лидери во Меморијалниот центар Јад Вашем во знак на сеќавање на Холокаустот и ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц.

Токму над овој настан се надви сенка заради несогласувањата околу улогата на одделни земји во оваа војна.

Полскиот претседател Анджеј Дуда ја бојкотираше комеморацијата во знак на протест што централната улога му е дадена на рускиот претседател Владимир Путин на кого му забележува дека има нефер однос кон почетокот на Втората светска војна.

Локални избори 2021