вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 4
home Вести

Нетанјаху: Нема да дозволиме Иран да создаде нуклеарни бомби

Нетанјаху: Нема да дозволиме Иран да создаде нуклеарни бомби

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот изјавил дека Израел не е изненаден од најавите на Иран за да го зголеми капацитетот за збогатувањето на ураниум и повторил дека неговата земја ќе настојува да го сопре Техеран во намерата да се здобие со нуклеарно вооружување, пишува “Ројтерс“.

-Пред два дена Ајатолахот Хамнеи ја соопшти неговата намера да го уништи Израел. Вчера соопшти како ќе го направи тоа, преку неограничено збогатување на ураниум со цел да се создаде арсенал на нуклеарни бомби. Не сме изненадени и нема да му дозволиме на Иран да добие нуклеарно вооружување, рекол Нетанјаху.

Тој во моментов е во посета на Франција, како дел од неговата тура за да ги убеди европските земји да го следат Вашингтон во напуштањето на нуклеарниот договор кои светските сили го потпишаа со Техеран во 2015 година.

Коронавирус