четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 74
home Вести

Нетанјаху најави на лето анексија на делови од Западен Брег со помош од САД

Нетанјаху најави на лето анексија на делови од Западен Брег со помош од САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека е уверен оти летово, со поддршка на САД ќе може да анектира поголеми делови од Западен Брег.

Тој во „онлајн“ обраќањето на собир на евенгелисти, приврзаници на Израел истакна дека блискоисточниот план на претседателот на САД, Доналд Трамп предвидува десетина населби, како и долината Јордан, да бидат под контрола на Израел.

– За неколку месеци, убеден сум дека ветувањето ќе биде исполнето и оти ќе можеме да прославиме уште еден историски момент во историјата на ционизмот, посочи Нетанјаху.

Израелската анексија на Западен Брег би предизвикала осуда од меѓународната заедница, а би ја уништило и надежта за формирање на независна палестинска држава. Палестинците, со меѓународна поддршка бараа целиот Западен Брег да биде дел од идната независна држава.

Тие веќе се заканија дека ќе се откажат од постоечките мировни договори доколку Натенјаху продолжи да го спроведува својот план.

Коронавирус